За Асоцијацијата

Aсоцијацијата на Mетална и Eлектро Индустрија – МАМЕИ – е формирана со единствена цел- да ги обедини компаниите од овие сектори и да им пружи поддршка и квалитетни бизнис услуги кои ќе го забрзаат нивниот раст и развој.

На иницијатива на неколку компании од металната и електро индустријата во Април 2014 се формираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија- МАМЕИ. По повеќе децениско функционирање на овие индустрии, македонските производители сметаа дека е созреано времето за обединување на компаниите во една асоцијација, преку која ќе можат да ја зголемат заедничката соработка и да работат на постигнување на своите деловни цели и резултати.
Идејата за ваква асоцијација се развиваше повеќе од 1 година и конечно официјално се регистрираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија- МАМЕИ како организација која сака да биде лидер во својата област во Македонија.

Краткорочни цели на организацијата: воспоставување на партнерски односи со домашните компании и организации, иницирање соработка со владините организации, воспоставување контакт со странски партнери.

Среднорочни цели на организацијата: континуирана поддршка и пружање на квалитетни услуги на компаниите, приклучување на нови членки на организацијата,  проширување на листата на услуги за компаниите, координирање на дијалогот помеѓу компаниите и државата,

Долгорочни цели на организацијата: да бидеме централно место за сите компании од овој сектор, да водиме локални и меѓународни проекти наменети за развој на секторите, да станеме признат партнер и врска меѓу домашните компании и странските партнери и купувачи.

Задачите на Македонската асоцијација за метална и електро индустрија се:

  • Здружување на домашните компании од овие сектори во една организација
  • Организирање на домашни B2B настани на кои ќе се потикне повеќе меѓусебната соработка помеѓу компаниите
  • Мапирање и развивање на домашните снабдувачки синџири
  • Заедничка набавка на материјали за производство
  • Организирање на интернационални B2B настани (саемски претставувања, бизнис посети на странски компании во земјата и посета на потенцијални купувачи во други земји
  • Заедничко учество на тендерски објави во земјата
  • Заеднички настап пред странските инвеститори во земјата (како подизведувачи и добавувачи на одредени компоненти за производство)
  • Развој на нови и иновативни производи
  • Истражување на пазарите
  • Обуки за менаџментот и вработените со цел постигнување на поголема ефикасност во работата
  • Имплементација на технички стандарди согласно Европските регулативи
  • Лобирање и активно учество во дијалогот со државата
  • Соработка со домашните и странски стопански комори и здруженија
  • Соработка со консултантски компании со цел пружање поквалитетна услуга