Што е Macedonian Manufacturing Expo?
Macedonian Manufacturing Expo е најголемиот бизнис настан за деловно вмрежување во Република Македонија, чија примарна цел е поврзување на локални добавувачи (од Македонија и државите од Западен Балкан) од лесно преработувачките индустрии (компании кои преработуваат метал, пластика, гума, хартија и стакло, компании од електро-електронскиот сектор и компании од пакувачките индустрии) со домашни, регионални и странски компании-купувачи, низ низа на претходно договорени и таргетирани business-to-business средби според барањата на компаниите-купувачи и дејноста на компаниите-добавувачи, со цел градење основа за понатамошни партнерства и успешни добавувачки ланци. Претходните три години овие состаноци се одржуваа во живо, но поради рестрикциите на патување и големи собири поради пандемијата на вирусот COVID-19, овогодинешниот Macedonian Manufacturing Expo ќе биде целосно виртуелен и ќе се одржи на GDPR-сертифицираната он-лајн платформата за виртуелни настани Eventora,
Покрај директните бизнис средби, Macedonian Manufacturing Expo има и саемски и едукативен дел. Саемскиот дел е наменет за компании од претходно споменатите сектори, но и за придружни ентитети во добавувачките ланци на овој сектор (банки, осигурителни компании, транспортни компании, консултанти и други), и оваа година ќе биде заменет со виртуелен саем со опција за директно поврзување на посетителите на Вашиот виртуелен штанд со Вас, преку директни видео состаноци. Едукативниот дел, како и минатите години, ќе се состои од поголем број на предавања на теми од интерес за компаниите од овој сектор, а ќе биде овозможена и директна интеракција со предавачите и панелистите за време на директниот пренос на овие содржини на платформата на која ќе се одржува овој настан.
Macedonian Manufacturing Expo го промовира потенцијалот на регионалната лесно преработувачка индустрија, давајќи им на потенцијалните инвеститори брз преглед на добавувачките ланци во овој сектор, и го поддржува развојот на оваа индустрија преку фасилитирање на корисна размена на знаења, технологии и финансии, со цел брз и инклузивен раст. Овој настан претставува одлична можност за запознавање на потенцијални партнери преку директните business-to-business средби и преку виртуелниот саем, како и можност за следење на едукативни содржини и дискусии на теми од интерес за компаниите од овој сектор.
Искуства од Macedonian Manufacturing Expo 2019
МАМЕИ ни понуди интересна перспектива во нашата потрага по потенцијални добавувачи од регионот, затоа што нивната цел е поддршка на развојот во сите европски држави, а нивните методи се практични и професионални.
г. Богдан Ионеску, Makita EU (Романија)
Macedonian Manufacturing Expo 2019 беше одлична можност да се стапи во контакт со балканскоите компании. Дополнително, директните B2B состаноци беа многу добро организирани и многу корисни.
г. Рики Лонгани, Minimax GmbH & Co. KG (Германија)
Поради недостигот на релевантни саемски активности во Скопје со крајот на Технома, изложбената сала на Macedonian Manufacturing Expo 2019 послужи како соодветен индикатор на потенцијалот за развој кој го има овој бизнис настан.
г-а Лејла Мехмедовиќ, Lear Corporation (Македонија)