Macedonia Manufacturing Expo 2018 беше целодневен настан се одржа на 18 септември во хотелот Александар Палас во Скопје, кој се состоеше од три паралелни панел траки, како и четири часа непрекинати business-to-business состаноци.

Трите панел траки вклучуваат панел наменет за македонските добавувачи во овој сектор – презентиран од страна на германската Асоцијација за менаџирање, набавување и логистика на ланци за добавување (БМЕ) за тоа како македонските бирми можат да пристапат до германскиот пазар и компаниите, панел наменет за странски купувачи и инвеститори за тоа како да пристапат до владина поддршка за Директните странски инвеститори, како и панел презентација од страна на Делегацијата на германското стопанство во Македонија (АХК) на нивниот проект за дуално образование за стручните средни училишта во соработка со компаниите од лесно преработувачкиот сектор.

Главниот настан на конференцијата беа business-to-business средбите помеѓу фирмите-купувачи и фирмите добавувачи. Оваа година, на ММЕ присуствуваа над 30 странски компании купувачи, вклучувајќу ги мултинационалните индустриски гиганти како Сименс, Макита, Дариан и Моска и некои од најголемите ДСИ во државата како Кромберг и Шуберт, Ван Хул и Дрекселмаер, и над 60 локални добавувачи од овој сектор, помеѓу кои беа остварени над 400 business-to-business средби, повеќе од дуплирајќи ја бројката од пред две години.

Close Menu