На 21 октомври 2014 во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, официјално беше претставена во јавноста Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ. После 6 месеци активно работење, дојде ред и пошироката јавност да дознае повеќе за МАМЕИ.

На презентацијата на која присуствуваа голем број на домашни и странски компании, претставници на државни институции, како и странски организации и донорски проекти, Асоцијацијата ја претстави својата програма, активности, како и Б2Б платформа за побрза и поедноставна соработка помеѓу компаниите.

Close Menu