Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ успешно беше претставена на саемот Хановер Месе 2015, кој се одржа од 13 до 17 мај во Германија.
Во текот на петте дена саемска манифестација МАМЕИ одржа голем број на средби со компании од Европа кои се во потрага по нови добавувачи, како и кластери од Германија и Холандија со кои се разговараше за идна соработка и заедничка организација на Б2Б настани.

На самиот саем беа присутни и неколку компании членки на Асоцијацијата кои успешно се претставија себе си и своите капацитети. Исто така присутни беа и неколку претставници од државните институции во Македонија задолжени за промоција на извозните и инвестициските капацитети на земјата.

МАМЕИ планира наредната година повторно да биде присутна во Хановер, заедно со повеќе свои компании членки, како и на поголем национален павиљон. 

Close Menu