На 15.09.2016, за првпат во Македонија се одржи конференција за вмрежување на компаниите од македонската лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи, насловена како Macedonia Manufacturing Expo. На конференцијата присуствуваа 50 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 копмании, од кои 16 странски, во својство на купувачи. Меѓу потенцијалните купувачи беа и големи меѓународни компании како Сименс (Siemens) и Скаутби (Scoutbee). Во текот на конференцијата беа одржани 170 деловни состаноци меѓу компаниите од кои се очекуваат нови бизнис зделки. Покрај директните деловни средби помеѓу домашни и странски купувачи, на конференцијата се зборуваше и за трендовите и новите технологии во индустријата.

„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток на некаква соработка. Нашите производи се пред се наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички, отколку секој поединечно“, објаснува Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Aсоцијација на метална и електро индустрија, еден од организаторите на конференцијата.

Close Menu