На работилницата учествуваа претставници од вкупно 15 компании од лесната преработувачка индустрија, а беа презентирани искуства и програми на четири финансиски консултанти и тоа Симон Аврамовски од ПоинтПро Консалтинг, Благоја Милошевски од Планум Консалтинг, Драган Пејчевски од Фина Консалтинг и Ванчо Попов од Попов Менаџмент. За време на работилницата, низ лично претставување на искуства работејќи со компании од овој и сродни сектори и низ директни разговори со присутните претставници за потребите и желбите на нивните компании, беше поставена основата за идна соработка помеѓу консултантите и компаниите од секторот.

Беа дискутирани повеќе проблематики во доменот на експертизата на четирите консултанти, меѓу кои – можностите за финансиско реструктуирање на кредитите и долговите на фирмите, можностите за аплицирање и спроведување на грантови за иновации и технолошки развој, имплементацијата на нови стандарди и слично.

Оваа работилница е само првата од четирите планирани со наслов Пристап до финансии, кои МАМЕИ ќе ги спроведува во претстојниот период во соработка со Проектот за развој на деловниот екосистем на УСАИД, и кои ќе имаат за цел да им помогнат на компаниите пристап до финансии на најсоодветен начин согласно нивните развојни потреби и стратегија. Секоја компанија треба да има индивидуален пристап и уникатен бизнис предлог до финансиските институции кои постојат за да го поддржат нивниот раст и развој. Проектот има развиено мрежа од 30 финансиски фасилитатори кои во склоп на своето работење и експертиза им помагаат на компаниите да направат најсоодветен модел за финансирање на своето работење и оптимизирање на деловните процеси. Проектот за развој на деловниот екосистем го ко-финансира работењето на овие финансиски фасилитатори преку нивната програма. Доколку сакате да добиете повеќе информации за оваа програма, можете да не контактирате и да ве упатиме кон одговорните лица од Проектот.

Close Menu