Последната од првиот циклус на работилници за Пристап до финансии на МАМЕИ беше одржана како дел од редовното тромесечно Собрание на членови на МАМЕИ, на 27 јуни во хотелот Алексндар Палас во Скопје.

Работилницата се состоеше од презентација на претставник на Европската банка за обнова и развој, на нивните најнови мерки и инструменти за мали и средни претпријатија, од специфичен интерес за компании од лесно преработувачкиот сектор. На работилницата земаа учество 16 претставници од 12 различни компании од релевантните сектори.

Иако оваа работилница беше последна од планираните четири во организација на МАМЕИ, поради големиот изразен интерес од страна на нашите членови и останатите компании од лесно преработувачките индустрии, МАМЕИ моментално е во процес на планирање на нов циклус на работилници за Пристап до финансии, кој би започнал од оваа есен.

Close Menu