На петти и шести јуни во Дортмунд, Германија беше одржан меѓународниот бизнис настан Western Balkans Purchasing Initiative, во организација на нашите германски партнери Асоцијацијата за управување со добавувачки ланци, набавка и логистика BME. Western Balkans Purchasing Initiative е business-to-business настан, на кој германски компании се среќаваат со претходно избрани добавувачи од земјите од Западен Балкан, и на овогодинешната, петта по ред, конференција беа поканети и присуствуваа вкупно осум македонски компании, што претставува најголема бројка досега.

Особена чест за нашата Асоцијација претставува фактот што шест од тие компании беа нашите членови – Орион инженеринг, Ариљеметал, МСтил, Братство Инокс, Завар компани и Металкат технолоџи, а на некои од нив им беше втор или трет пат на овој настан. На Western Balkans Purchasing Initiative учествуваа уште две македонски компании – Факом и Детал Велд.

Зголемениот број на македонски компании кои земаат учество на Western Balkans Purchasing Initiative, од година за година, е јасен индикатор за зголемениот интерес на германските компании за соработка со македонски добавувачи од лесните преработувачки индустрии.

Close Menu