Технопродукт е друштво во приватна сопственост, основано од Блажо Ризов на крајот од октомври 1990 година, како производно претпријатие за обработка на гума и метал. Се вбројува во редот на средни претпријатија со дваесетина вработени.

Технопродукт започна во 1990 со производство на поединечни делови од гума наменети за одржување на земјоделска и градежна механизација, по што беше формирано машинско одделение во кое се произведуваат калапите за гумените производи, и беше започнато производството на помали серии на производи од гума за автомобилската индустрија, на метални производи со намена на спојни елементи и каучукови мешавини во мал обем и на поголеми серии на производи од гума за транспортни системи со гумени ленти за потребите на рударството.

Во 1998, започната изградба на новата производна хала на Технопродукт, по чие завршување се започнува и со производство на поголеми резервни делови од челик, а се усовршува и производството на стандардните каучукови мешанвини во сопствена вертикално интегрирана производна линија, како основен репрометаријал.

Во наредните години, Технопродукт ќе започне со производство на индустриски валци, проширување на производството на гума, и изградба на нова хала за производство на гумени мешавини.

Адреса: ул. Индустриска бр. 15, 1480 Гевгелија
Контакт телефон: +389 34 231 637
Веб страна: www.tehnoprodukt.com.mk
Е-маил: [email protected]

Сектор: Производство и преработка на гума
Година на основање: 1990
Број на вработени: 20
Контакт лице: Блажо Ризов

Close Menu