М-Стил е подружница на белгискаа компанија за металообработка и обработка на лим Slabinck NV. Slabinck NV е фамилијарна компанија основана пред два века како фирма за извеба на патнички вагони со ковање, прераснувајќи набрзо во „Каросерија браќа Слабинк“ (Carrosserie Gebroeders Slabinck), и до ден-денес е водена од семејството Слабинк, веќе шеста генерација во оваа индустрија.

Започнувајќи во 1989 година, фирмата ја редиректира својата дејност во специјализиран добавувач на обработен лим и обработени метали за индустриски потреби, на брзи мали и среднинарачки. Главната канцеларија и инженерскиот оддел се сместени во белгискиот град Бриж, додека вториот разгранок е отворен во Скопје во 2014 година во две засебни фабрики.

Фабриката на Слабинк во општина Илинден произведува големи и средно мали серии на сечење, CNC и машинска обработка на метали и лимови по конкурентна цена, додекафабриката М-Стил нуди MIG, TIG и точкасто заварување на челик, инокс и алуминиум. Завршната обработка на овие производи се извршува назад во Бриж.

М-Стил и Слабинк претставуваат идеалниот добавувач на лимови и завршени продукти од метал, за што сведочи искуството од два века и шеста генерации и одличната репутација на оваа компанија.

Адреса: ул. 15 корпус бр.1,
1000 Скопје
Контакт телефон: +389 2 3125 558
Веб страна: www.slabinck.be
Е-маил: [email protected]

Сектор: метало-преработувачки сектор
Година на основање: 2014
Број на вработени: 59
Контакт лице: Маргарита Младеновска

Close Menu