Игма инженеринг е основана во 1993, како акционерско друштво во приватна сопственост. Во работен однос, Игма имженеринг има кадар кој е способен да проектира, раководи, врши надзор и контролана изведувачки работи како и кадар за оперативно-фазно водење на работите.

Игма инженеринг за потребите на својата производна дејност располага со две производни единици во с. Кадино, деловно административен објект во Илинден, изложбено-продажен салон за ентериер и декоративни материјали, и машински парк.Игма инженеринг има три главни производни активности – производство на машински делови за индустрија, интериерен дизајн и изработка на мебел, и производство на опрема за електро-дистрибуција.

Водејќи се од својата мисија, а следејќи ги процесите во окружувањето, трендовите во областа и своето досегашно искуство, Игма инженеринг постојано се залага да ги усоврши овие дејности, како од организациски аспект, така и од технички аспект, а се со цел на обезбедување на квалитет кој ќе допринесе за стабилноста и за постојаниот раст на друштвото.

Адреса: ул. 8 бр. 21, Илинден, 1041 Скопје
Контакт телефон: +389 2 2550 751
Веб страна: www.igma.com.mk
Е-маил: [email protected]

Сектор: Изработка на електро-дистрибутивна опрема, ентериерни и машински делови од метал
Година на основање: 1993
Број на вработени:
Контакт лице: Ацо Панајотовиќ

Close Menu