Фирмата 30ти Март започнува од 2000 година реализирана од страна на сопственикот и управител д.м.и. Живко Илијев. Основна дејност на 30ти Март е производство на метална галантерија што одговара на барањата на клиентите на домашниот, но и на странскиот пазар. 

Со постепено надоградување во современа производствена опрема, изградба на професионални кадри и со долгогодишна работа и труд, изградивме модерна метално производствена компанија која континуирано го подобрува квалитетот на своите постојани производи и создава нови.

Нашите производи се изработуваат од висококвалитетен ладновалан декапиран лим, исфарбани со електростатско прашкаста боја за заштита од корозија. Во присуство на голема конкуренција на пазарот, главна цел на 30ти Март е задоволување на барањата и потребите на своите тековни и потенцијални клиенти. 30ти Март ги поседува следниве сертификати: Сертификат за квалитет од Здружение за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС, Сертификат за метален рафт CEN/TR 14073-1:2004, EN 14073-2:2004, EN 14073-3:2004.И во тек е постапката за сертификација на стандардот ISO 9001:2015.

Нашата цел е на пазарот да нудиме квалитетни и пристапни производи, а тоасо сигурност ќе може да го оствари нашиот квалификуван кадар сопрофесионален пристап. Нашите капацитети за производство континуиранорастат и традиционално успеваме да ги задоволиме сите светски стандардиза сигурност и квалитет.

Адреса:Плачковица бр. 79,
2420 Радовиш
Контакт телефон: +389 70 796 616
Веб страна: www.30mart.com
Е-маил: [email protected]

Сектор: производство на метални конструкции
Година на основање: 2000
Број на вработени:
Контакт лице: Живко Илиjев

Close Menu