Главни продукти и услуги: Mашински обработени делови за пневматика и хидраулика по цртеж, како и прототипи
Опис
Свемек е фирма што се занимава со производство на машински делови за пневматика и хидраулика по цртеж на купувачот. 95% од производството е наменето за извоз, најмногу за Шведска, Унгарија и Германија. Фирмата има 19 вработени од кои 6 се во администрација. Сертифицирани сме со 3 ИСО стандарди: ИСО 16949:2016 за автомобилската индустрија, ИСО 9001:2015 за квалитет и ИСО 14001:2015 за зачувување на животната средина. Нашите најголеми странски купувачи се: Bosch Rexroth, Aventics, MPC systems, а домашни: Johnson Matthey, Ариазоне и Wabtec. Машинскиот парк на Свемек располага со вкупно 50 машини од кои 20 се ЦНЦ машини.
Основните активности на Свемек се: глодање, стругање, дупчење, брусење и сечење. Активностите се вршат по цртежи пратени од купувачите.
Главни производи на Свемек, по порачки од нашите купувачи се: машински обработени делови за пневматика и хидраулика по цртеж, како и прототипи како што се: навртки, завртки, мутери, држачи, уметоци, клипови, вентили, осовини и многу други.

Адреса: Перо Наков 134, 1000 Скопје
Веб страна: http://www.svemek.mk
Е-маил: i[email protected]
Сектор: Металопреработувачки сектор
Година на основање: 1970 во Шведска
Број на вработени: 19
Контакт-лице: Кристина Гацова