Главни продукти и услуги: – Алуминиумски легури во форма на инготи; – Алуминиумски делови леани под притисок; – Уметнички одлеаноци од бронза, месинг, алуминиум, полиестер, восок. (скулптури, сувенири, релјефи, архитектонски елементи итн); – Црковни ѕвона и црковна опрема ; – Огноотпорни материјали за челичната индустрија; – Канделабри и урбана опрема.

Опис
Почетоците на РЖ Институт датираат уште во 1967 година, кога се формира и развива во рамките на некогашниот индустриски гигант “Рудници и Железарници- Скопје”. Најпрво била концепирана како една, пред сѐ, научно- истражувачкo одделение за потребите на “Рудници и Железарници – Скопје”, но и за фабриките и рудниците ширум цела Југославија. За оваа цел била инсталирана опрема во полуиндустриски рамки, наменета за припрема на минерални суровини, минерологија и петрографија, металуршка припрема, хемиско- технолошки испитувања и топилнички дел.

Во 1997 година РЖ Институт се трансформира во акционерско друштво, а од февруари 2001 година е целосно приватизиран. Акциите на РЖ Институт АД Скопје котираат на Офифицијалниот пазар на Македонската берза.

Со неговата приватизација, се наметна потребата од зголемување на економската ефикасност и пазарната конкурентност. За таа цел е пристапено кон рехабилитација, модернизација или пренамена на постоечките технолошки линии и производни процеси.

Денес РЖ Институт е акционерско друштво со примарна дејност на леење и натамошна обработка на технички и алуминиумски одлеаноци од обоени метали (алуминиум, бронза, месинг итн.) Други активности вклучуваат производство на огноотпорни маси за челичната индустрија, црковни ѕвона, улични канделабри и урбана опрема, восочни и полиестерни скулптури, истражување, трговија итн.  

Адреса: 16та Македонска бригада бр. 18
1000 Скопје
Веб страна: http://www.rzinstitut.com.mk/
Е-маил: [email protected]; [email protected]

Сектор: Металниот и огноотпорниот индустриски сектор/ Леење и обработка на обоени метали и производство на огноотпорни материјали за челичната индустрија.
Година на Основање: 1967
Број на Вработени: 91
Контакт-лице: Душко Коцевски

Close Menu