Главни продукти и услуги: CNC обработка
Опис
Почетокот на Орион Инженеринг датира од 1993 година, кога компанијата работеше како мала машинска работилница под друго име. Во почетокот, основна дејност на фирмата беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Поминувајќи низ разни фази на неповолни и поволни услови во стопанството нашата инженерско-занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија.
Денес Орион Инженеринг е компанија со околу 30 вработени со тенденција за зголемување на знаењето и бројот на обученоста на вработените, проширување на асортиманот на услугите и производите, освојување на нови сегменти од пазарот и стално усовршување на менаџерскиот тим на фирмата. Главна дејност на фирмата е изработка на резервни делови за индустрија и изработка на алати за лиење пластика, бризгање пластика како и алати за пробивање, виткање и просекување на лимови. Производната програма ја следат и современи машини (CNC глодалка, CNC струг, CNC ерозимат со жица) кои овозможуваат квалитетно производство со високопрецизни конструктивни карактеристики. Орион Инженеринг поседува опрема и стручен кадар за проектирање во најсовремени CAD-CAM софтвери (MasterCAM X7), со помош на кои изработката на делот или алатот може да ја спроведи од идеја до реализација.
На чело на компанијата се наоѓа инженерски тим кој при конструирањето и производството се труди да во што поголема мера ја искористи современата технологиај која обезбедува заштеда на време, зголемена производност и подобрен квалитет користејќи ги современите софтверски пакети и CNC машински обработливи центри, а незапоставувајќи ги традиционалните методи на обработка.

Адреса: Љубе Грујоски 1
7500 Прилеп
Контакт телефон: +389 76 353 290
Веб страна: www.cnc.mk
Е-маил: [email protected]
Сектор: Машинска обработка
Година на основање: 2003
Број на вработени: 30
Контакт-лице: Златко Димески