Главни продукти и услуги: Разни машински делови, алати

Опис
Металкат Технолоџи, од своето основање во 2013 година, изгради солидна репутација во изработката на прецизни прототипни делови и специјални машински склопови, опслужувајќи ја автомобилската, камионската и железничката индустрија со квалитетни и ценовно прифатливи производи.

Металкат Технолоџи е екипирана со висококвалификувани специјалисти коишто што создаваат уметност во нашиот објект. Нашата заложба беше веднаш препознаена и само по два месеца од нашето основање станавме официјален добавувач на  Wabtec MZT. 

Нашите CNC обработувачки капацитети се:

  • CNC Вертикален обработувачки центар OKK PCV 40-II со обработувачки капацитет од 560x400x400(XxYxZ) 
  • CNC Универзална глодалка Maho MH600c со обработувачки капацитет од 600x450x450(XxYxZ) 
  • CNC Струг Daewoo Puma 6S со обработувачки капацитет од 320×380(XxZ) 
  • CNC Струг Doosan Lynx 220L со обработувачки капацитет од 380×550(XxZ) 

Во Металкат Технолоџи, поради блиската соработка со нашите клиенти и постојаниот висок квалитет, се создаде традиција на постојано подобрување и стабилен раст.

Располагаме со широк спектар на материјали, користиме модерна технологија и строго ги запазуваме сите спецификации од техничката документација. Постојано се стремиме кон подобрување и оптимизирање на нашите процеси, со крајна цел среќен клиент. 

Наши клиенти се и пронаоѓачи и добро развиени бизниси. Фокусирани сме на квалитетот и услугата на нашите клиенти. Подоле може да погледнете некои од нашите производи:

Адреса: 24, бр.28
1000 Скопје
Контакт телефон: +389 75 220 432
Веб страна: http://www.metalkat.mk/
Е-маил: [email protected]

Сектор: CNC машинска обработка
Година на Основање: 2013
Број на Вработени: 3
Контакт-лице: Игор Јовановски

Close Menu