Главни продукти и услуги: Челичен гранулат и челични одлеаноци

Опис
Железник АД е трговско – акционерско друштво од областа на црната металургија, кое се занимава со производство и продажба на ниско – јаглероден челичен гранулат и разни видови на челични одлеаноци.

Фабриката е изградена во 1979 г. по австриска лиценца и ги задоволува сите ЕУ стандарди за квалитет.

Од самото постоење е 90% извозно ориентирана компанија, со долгорочни деловни партнери лоцирани во земјите на Европската Унија, Блискиот исток па сé до преку-океанските земји.

Нашите производствени капацитети ни овозможуваат годишно производство на околу 12 000 тони челичен гранулат и 3 000 тони челични одлеаноци. Благодарејќи на ангажираноста и професионалноста на нашиот персонал, со квалитетот на нашите производи сме добро етаблиран бренд во земјата и странство.

Ве уверуваме дека се обраќате на вистинското место ако при изборот на својот деловен партнер барате висок квалитет, професионалност во услугата и поволни цени. Секогаш сте добредојдени да ја посетите нашата фабрика, да остварите контакт со нашиот менаџерски тим и на лице место да се уверите во врвниот квалитет на нашите производи.

Адреса: с. Сопотница
7244 Демир Хисар
Контакт телефон: +389 047 272 418
Веб страна: www.zeleznik.com.mk
Е-маил: [email protected]nik.com.mk

Сектор: Металургија
Година на Основање: 1979
Број на Вработени: 62
Контакт-лице: Билјана Талевска

Close Menu