Опис: Знаењето и искуствто на основачот, добиено преку водењето на најнапредната производна фабрика во бивша Југославија, како и бројните специјализации и тренинзи надвор од нашите граници овозможија брз раст и развој на оваа компанија. Во 1989, Унипласт го лансираше својот прв патентиран производ – киоскот „Медитеран“. Во овој период, производните процеси беа организирани во импровизирана работилница во семејниот дом на фамилијата Ковачевски.

ВО 1991, Унипласт изгради погон и го прошири својот производен програм со различни групи на производи. Благодарение на упорноста на управителите за поставување на потребите на корисниците на прво место, компанијата набрзо порасна во регионален лидер во полето на производи од фиберглас. Како резултат на брзиот раст, фабричката зграда на Унипласт стана премала и набрзо беше потребна сериозна инвестиција во нови и поголеми капацитети за осигурување на иден развој.

Кон крајот на 2002, инвестициите во новата фабрика привршуваа, и целосното производство беше префрлено во модерна и широка фабрика која понуди понатамошен непрекинат раст на компанијата. На овој начин, Унипласт ја доби можноста да почни да се пласира на отворените европски пазари. Како резултат на политиката на квалитет, како и знаењата и искуството кое го поседуваше, Унипласт прерасна во сериозна компанија која конкурира рамноправно на европско ниво со други производители на производи од фиберглас.

Денес, Унипласт е компанија која продолжува да расте и да се развива – препознатлива по својот квалитет, флексибилност и отвореност кон пазарните потреби.

Адреса: ул. населено место без уличен систем бр. 3, инд. зона Мороишта, Струга
Контакт телефон: +389 70 347 357
Веб страна: www.uniplast.com.mk
Е-маил: [email protected]

Сектор: производство на други производи од пластични маси
Година на основање: 1998
Број на вработени: 55
Контакт лице: Христијан Ковачевски

Close Menu