Главни продукти и услуги: 1. Производство на садови за домаќинство од инокс 18/10 2.Ковачки работи 3. Длабоко извлекување 4. Гасно сечење 5. Ротационо извлекување 6. CNC обработувачки центри 7. Површинска заштита на метали 8. Производство на изолатори од епоксидна смола 9.Експанзиони садови 10. Заварување

Опис
Индустријата за метални производи”Братство Инокс” Охрид се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домаќинство и прибор за јадење во Југоисточна Европа.  Богатата производна програма опфаќа садови за домаќинство и угостителство во кои може да се готви, чува, транспортира и послужува храна по сите гастрономски стандарди. 

Братство Инокс ДОО  е еден од претприемачките лидери во регионот и која нуди широк ранг на решенија за обработка на метали, за да ги зафоволи потрошувачте насекаде во светот. Како специлалист за трансформација на материјали, ја посветуваме целата наша енергија и знаење со цел да обезбедиме извонредна услуга и континуирани иновации во полето на ковање и слични активности барани од нашите клиенти. Тим од искусни инжинери и state-of-the art машини даваат сигурни и проверени решенија, прилагодени на специфичните потреби на секоја индустрија. 

Како снабдувач на метални компоненти, нашата цел е да се постигне извонреден квалитет и максимално задоволување на потребите на клиентите. Затоа работиме и ковање по цртеж, со што обезбедуваме работење по нарачка со бараните атрибути. Нашиот тим е високо-квалификуван е подготвен да се прилагоди на барањата на нашите клиенти . Висока мотивација, посветеност и компетентност на нашите вработени гарантира врвен квалитет на секој производ  кој доаѓа од нашите погони.

Еден од главните карактеристики на нашата работа е извонредниот квалитет и затоа работиме според и нтернационалниот стандард ИСО 9001кој иницира систематски пристап во развојот, и постојани подобрувања во Системот за Квалитет. 

Современата технологијата ни овозможува да работиме брзо и ефективно . Нашите најголеми инвестиции се во опрема и затоа сме способни за производство на комплексни продукти.

Високиот стандард како и извонредниот перформанс, цена-квалитет на производите, ја вбројуваат компанијата во еден од најбараните продуктори на пазарите во Европа. 

Адреса: 7 Ноември бб
6000 Охрид
Контакт телефон: +389 46 261 965
Веб страна: http://www.bratstvoinox.com.mk
Е-маил: [email protected]

Сектор: Преработка на метал и метални производи
Година на Основање: 1949
Број на Вработени: 97
Контакт-лице: Наташа Андревска

Close Menu