Главни продукти и услуги: Земјоделска приклучна механизација, контејнери, челични конструкции, метална галантерија, огради, резервни делови и делови по нарачка.

Опис
АГРО-БАР ДОО Виница Р. Македонија, е компанија чија основна дејност е производство на производи од металната индустрија: земјоделска приклучна механизација, контејнери, челични конструкции, метална галантерија, огради, резервни делови и делови по нарачка.
Компанијата е формирана 1971 година поминувајки низ повеќе развојни етапи во своето работење, еволуира и се профилира во друштво со висока професионалност и голем рејтинг на сопствениот бренд.

Од април 2006 година работи како ново формирано правно лице под ново име  Агро-Бар ДОО Виница приватизирано 100% во склоп на групацијата БАРГАЛА АД од Штип, при што  продолжува со работа во истата дејност, задржувајќи го во континуитет целиот асортиман на производи  со постоечкиот квалитет со кој сме препознатливи на пазарот во државата и пошироко  во соседните држави.
Врвниот квалитет и функционалност се препознатливиот печат на сите производи од производната програма на АГРО-БАР ДОО. Компанијата поседува и сертификати за квалитет како што се ISO 9001:2015ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007.

Акцентот на квалитетот се поставува со вградување на квалитетен материјал со одредени особини пропишани со самата техничка документација што се проследува во процесот на производство

Адреса: ул. Партизанска бр.1
2310 Виница
Контакт телефон: +389 70 324 978
Веб страна: http://www.agrobar.com.mk
Е-маил: [email protected]

Сектор: Метало-преработувачки сектор
Година на Основање: 1971
Број на Вработени: 76
Контакт-лице: Александар Сеизов

Close Menu