Новости

На ова место ќе може да ги видите сите најнови информации поврзани со работењето на Асоцијација, како и нејзините членки. Сите активности, учество на саеми и Б2Б настани, сегашни и идни проекти, како и бизнис резултатите и новостите поврзани со компаниите кои се дел од МАМЕИ ќе бидат опфатени тука. Следете не...

МАМЕИ во медиумите

Формирањето на Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ беше проследена и во македонските медиуми. Погледнете извадоци од некои од медиумите кои ја објавија веста, како и целата објава за медиумите.

Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ во медиумите 

 
Формирана Асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ

Целиот текст од објавата:

Формирана првата Асоцијација на метална и електро индустрија- МАМЕИ

 

Првата Асоцијација на металната и електро индустријата во Македонија МАМЕИ се формираше пред неколку месеци на иницијатива на неколку домашни компании. Целта на МАМЕИ е да ги обедини компаниите од овие сектори во земјата и да им понуди професионални бизнис услуги и поддршка за нивниот развој, да ги поврзе бизнисите и да ја зголеми меѓусебната соработка, да обезбеди заеднички настап на домашни и странски Б2Б настани и саемски претставувањаи да организира подобро позиционирање на компаниите пред странските инвеститори .

 Преку МАМЕИ сакаме да го подигнеме нивото на компаниите од метало-машинскиот и електро секторот во земјата работејќи заедно со сите производители. Почнувајќи од заедничка набавка на материјали, оптимизација на извозниот транспорт,имплементација на технички стандарди, па се до заедничко развивање на нови и иновативни македонски производи- изјави Гоце Пешев, извршниот директор на МАМЕИ.

Асоцијацијата на металната и електро индустријата- МАМЕИ е подржана од СИППО- Швајцарската програма за промоција на извозот на Switzerland Global Enterprise (S-GE). Повеќе информации може да се добијат на 02/3121907 или на веб страната на МАМЕИ www.mamei.mk. 

Повеќе натписи поврзани со основањето на МАМЕИ може да се најдат тука: 



Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во Виена, Австрија

Компаниите Ариљеметал, Завар и Раде Кончар ТЕП учествуваа на интернационалната конференција и Б2Б настан INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017. организирана од Австриската федерална стопанска комора, во Виена, Австрија.