Новости

На ова место ќе може да ги видите сите најнови информации поврзани со работењето на Асоцијација, како и нејзините членки. Сите активности, учество на саеми и Б2Б настани, сегашни и идни проекти, како и бизнис резултатите и новостите поврзани со компаниите кои се дел од МАМЕИ ќе бидат опфатени тука. Следете не...

Нови компании се приклучија кон МАМЕИ

Во изминатиот период уште 3 нови компании станаа дел од Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ. Тоа се Свемек од Скопје, Ариљеметал од Скопје, како и Фабер РДВ од Скопје. Им посакуваме топло добредојде во Асоцијацијата.



ОДРЖАН ПРВИОТ „УЧИЛИШЕН САЕМ НА МАШИНСКАТА И ЕНЕРГЕТСКА ИНДУСТРИЈА ГАЗИ БАБА 2019“

МАМЕИ, заедно со СУГС „ЕМУЦ 8ми Септември“, Центарот за меѓуетничка толеранција и општина Гази Баба, е еден од организаторите на првиот „Училишен саем на машинската и енергетска индустрија Гази Баба 2019“, кој се одржуваше на 10 и 11 мај во просториите на училиштето „ЕМУЦ 8ми Септември“.