Новости

На ова место ќе може да ги видите сите најнови информации поврзани со работењето на Асоцијација, како и нејзините членки. Сите активности, учество на саеми и Б2Б настани, сегашни и идни проекти, како и бизнис резултатите и новостите поврзани со компаниите кои се дел од МАМЕИ ќе бидат опфатени тука. Следете не...

Одржан првиот „Училишен саем на машинската и енергетска индустрија Гази Баба 2019“

МАМЕИ, заедно со СУГС „ЕМУЦ 8ми Септември“, Центарот за меѓуетничка толеранција и општина Гази Баба, е еден од организаторите на првиот „Училишен саем на машинската и енергетска индустрија Гази Баба 2019“, кој се одржуваше на 10 и 11 мај во просториите на училиштето „ЕМУЦ 8ми Септември“.

Идејата позади овој настан беше претставувањето на можностите за работа кои ги нуди метало-машинската и електро-енергетската индустрија пред основнооделенци од различни скопски основни училишта и нивните родители, преку запознавање со работата на голем број компании од овие сектори од територијата на општина Гази Баба и град Скопје, и поттикнување на нивно запишување во ова средно училиште.

Во рамките на овој дводневен настан покрај саемот на компании беше одржана и низа на панел-дискусии на повеќе теми поврзани со потребните реформи во средното стручно образование за решавање на проблемите кои се се почести на пазарот на труд во овие индустрии. 

ОДРЖАН ПРВИОТ „УЧИЛИШЕН САЕМ НА МАШИНСКАТА И ЕНЕРГЕТСКА ИНДУСТРИЈА ГАЗИ БАБА 2019“