Новости

На ова место ќе може да ги видите сите најнови информации поврзани со работењето на Асоцијација, како и нејзините членки. Сите активности, учество на саеми и Б2Б настани, сегашни и идни проекти, како и бизнис резултатите и новостите поврзани со компаниите кои се дел од МАМЕИ ќе бидат опфатени тука. Следете не...

Четири компании од МАМЕИ на штандот на Invest North Macedonia на Hannover Messe 2019

Помеѓу први и петти април, Агенцијата за странски инвестиции за промоција на извозот Invest North Macedonia зеде учество на најголемиот индустриски саем на светот Hannover Messe 2019, со заеднички штанд на кој се претставија пет македонски компании, од кои четири – ЕМОС, Завар компани, Раде Кончар ТЕП и Свемек – се дел од Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Низ шестте саемски згради и на повеќе од 200 000 m2 површина, на Hannover Messe 2019 беа присутни 6 500 изложувачи од целиот свет, што го прави овој саем идеално место за вмрежување и нови бизнис прилики за македонските компании.



За време на саемот, беа одржани
B2B средби помеѓу присутни компании, на кои македонските компании имаа шанса да ги прошират своите бизнис контакти со компании од регионот, Европа и светот, и да започнат соработки со цел зголемување на нивниот извоз.

Од Invest North Macedonia најавуваат дека ќе продолжат со програми за поддршка на домашните компании во меѓународните пазари, и со организирање на групни претставувања на меѓународни саеми.



ОДРЖАН ПРВИОТ „УЧИЛИШЕН САЕМ НА МАШИНСКАТА И ЕНЕРГЕТСКА ИНДУСТРИЈА ГАЗИ БАБА 2019“

МАМЕИ, заедно со СУГС „ЕМУЦ 8ми Септември“, Центарот за меѓуетничка толеранција и општина Гази Баба, е еден од организаторите на првиот „Училишен саем на машинската и енергетска индустрија Гази Баба 2019“, кој се одржуваше на 10 и 11 мај во просториите на училиштето „ЕМУЦ 8ми Септември“.