Новости

На ова место ќе може да ги видите сите најнови информации поврзани со работењето на Асоцијација, како и нејзините членки. Сите активности, учество на саеми и Б2Б настани, сегашни и идни проекти, како и бизнис резултатите и новостите поврзани со компаниите кои се дел од МАМЕИ ќе бидат опфатени тука. Следете не...

Macedonian Manufacturing EXPO 2016

На 15.09.2016, за првпат во Македонија се одржи конференција за вмрежување на компаниите од македонската лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи, насловена како Macedonia Manufacturing Expo. На конференцијата присуствуваа 50 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 копмании, од кои 16 странски, во својство на купувачи. Меѓу потенцијалните купувачи беа и големи меѓународни компании како Сименс (Siemens) и Скаутби (Scoutbee). Во текот на конференцијата беа одржани 170 деловни состаноци меѓу компаниите од кои се очекуваат нови бизнис зделки. Покрај директните деловни средби помеѓу домашни и странски купувачи, на конференцијата се зборуваше и за трендовите и новите технологии во индустријата.
 
Macedonia Manufacturing Expo 2016 business meetings

„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток на некаква соработка. Нашите производи се пред се наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички, отколку секој поединечно“, објаснува Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Aсоцијација на метална и електро индустрија, еден од организаторите на конференцијата.


Второ издание на Macedonia Manufacturing Expo 2018

Успешно беше оддржано второто издание на бизнис настанот Macedonia Manufacturing Expo 2018. Повеќе информации за тоа што се случуваше може да најдете во секцијата за Новости на МАМЕИ.