Новости

На ова место ќе може да ги видите сите најнови информации поврзани со работењето на Асоцијација, како и нејзините членки. Сите активности, учество на саеми и Б2Б настани, сегашни и идни проекти, како и бизнис резултатите и новостите поврзани со компаниите кои се дел од МАМЕИ ќе бидат опфатени тука. Следете не...

Членките на МАМЕИ на Бизнис форум во Шпанија

Неколку компании членки на МАМЕИ од 23 март па се до 26 март ќе учествуваат на Бизнис форумот Астурекс 2015, во градот Хихон, Шпанија.

Преку Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ, компаниите РЖ Институт и Завар учествуваат на третиот по ред Бизнис форум Астурекс 2015. На овој бизнис форум учество ќе земат некои од најголемите компании од металната индустрија во Шпанија, како и компании од цела Европа, Северна Африка и Јужна Америка.

Компаниите ќе остварат однапред договорени средби со голем број на партнери заинтересирани за заедничка соработка.  



ОДРЖАН ПРВИОТ „УЧИЛИШЕН САЕМ НА МАШИНСКАТА И ЕНЕРГЕТСКА ИНДУСТРИЈА ГАЗИ БАБА 2019“

МАМЕИ, заедно со СУГС „ЕМУЦ 8ми Септември“, Центарот за меѓуетничка толеранција и општина Гази Баба, е еден од организаторите на првиот „Училишен саем на машинската и енергетска индустрија Гази Баба 2019“, кој се одржуваше на 10 и 11 мај во просториите на училиштето „ЕМУЦ 8ми Септември“.