Новости

На ова место ќе може да ги видите сите најнови информации поврзани со работењето на Асоцијација, како и нејзините членки. Сите активности, учество на саеми и Б2Б настани, сегашни и идни проекти, како и бизнис резултатите и новостите поврзани со компаниите кои се дел од МАМЕИ ќе бидат опфатени тука. Следете не...

Официјално претставување на Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ

На 21 октомври 2014 во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, официјално беше претставена во јавноста Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ. После 6 месеци активно работење, дојде ред и пошироката јавност да дознае повеќе за МАМЕИ.

На презентацијата на која присуствуваа голем број на домашни и странски компании, претставници на државни институции, како и странски организации и донорски проекти, Асоцијацијата ја претстави својата програма, активности, како и Б2Б платформа за побрза и поедноставна соработка помеѓу компаниите.

Официјално претставување на Асоцијацијата на метална и електо индустрија МАМЕИ


































Исто така, компаниите членки на Асоцијацијата беа претставени со своите производи и услуги пред присутните гости. Во продолжение може да погледете повеќе слики од самиот настан.

 Претставување на МАМЕИ


Претседателот на МАМЕИ Марта Наумовска Грнарова ја претставува Асоцијацијата



Извршниот директор на МАМЕИ Гоце Пешев ја претставува B2B платформата



Мини саем и претставување на компаниите членки на МАМЕИ и нивните производи:

Дел од производите на компанијата МАН-ДРА         Дел од производите на компанијата АРИЉЕМЕТАЛ


Штандот на компанијата РАДЕ КОНЧАР ТЕП         Штандот на компанијата ЗАВАР


Дел од производите на компанијата СВЕМЕК        Гостите ги разгледуваат изложените експонати на компаниите членки на МАМЕИ



Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.