Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Железник


с. Сопотница
7244 Демир Хисар
+389 047 272 418
www.zeleznik.com.mk
info@zeleznik.com.mk

Сектор: Металургија
Година на Основање: 1979
Број на Вработени: 62
Контакт-лице: Билјана Талевска

Главни продукти и услуги: Челичен гранулат и челични одлеаноци

Заинтересирани сме за: Заинтересирани сме за

Опис

Железник АД е трговско - акционерско друштво од областа на црната металургија, кое се занимава со производство и продажба на ниско - јаглероден челичен гранулат и разни видови на челични одлеаноци.

Фабриката е изградена во 1979 г. по австриска лиценца и ги задоволува сите ЕУ стандарди за квалитет.

Од самото постоење е 90% извозно ориентирана компанија, со долгорочни деловни партнери лоцирани во земјите на Европската Унија, Блискиот исток па сé до преку-океанските земји.

Нашите производствени капацитети ни овозможуваат годишно производство на околу 12 000 тони челичен гранулат и 3 000 тони челични одлеаноци. Благодарејќи на ангажираноста и професионалноста на нашиот персонал, со квалитетот на нашите производи сме добро етаблиран бренд во земјата и странство.

Ве уверуваме дека се обраќате на вистинското место ако при изборот на својот деловен партнер барате висок квалитет, професионалност во услугата и поволни цени. Секогаш сте добредојдени да ја посетите нашата фабрика, да остварите контакт со нашиот менаџерски тим и на лице место да се уверите во врвниот квалитет на нашите производи.

КОВИД 19 информации

Почитувани,


Заради ново настанатата ситуација со вирусот КОВИД 19 и следејќи ги препораките од Министерството за здравство, тимот на МАМЕИ работи од дома. Достапни сме на маил и телефон постојано. За било какви прашања или информации, слободно побарајте не или пишете ни.

Бидете безбедни.

Со почит,

МАМЕИ