Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Техногума Николов


Индустриска зона Македонка број 24/4
Штип
071 339 336
www.tehnoguma.com.mk
info@tehnoguma.com.mk

Сектор: Производство на гума
Година на Основање: 1998
Број на Вработени: 24
Контакт-лице: Симона Николова

Главни продукти и услуги: Делови од гума

Заинтересирани сме за:

Опис

Нашата определба за квалитет. Низ континуитетот на повеќедецениското присуство на пазарот во производството на гума и гумени производи научивме да го цениме квалитетот на нашето работење како основа врз која клиентот во нас наоѓа траен партнер за постигнување на неговите цели.

Наши основни вредности. Успешната примена на нашата политика за квалитет ја потврдуваме преку: Континуирана соработка со клиетите како потврда дека сме ги исполниле нивните очекувања. Широк спектар на клиенти од јавниот сектор, стопанството, странските претставништва но и за лична употреба. Стабилност во постигнување добри резултати што произлегува од креативниот потенцијал на нашите вработени поддржани со непрекинато мотивирање и подобрување на квалифилификациите. Примена на системот за управување со квалитет како алатка за подобрување. Подобрувањето на нашата организација како предуслов за зголемување на квалитетот на нашето работење. Посветеност на нашето севкупно работење кон придонесување на благосостојбата на општеството и нашите вработени како негов дел. Постојана грижа за животната и работната средина.

Како работиме? Нашите резултати ги постигнуваме внимавајќи на: Негување и надоградување на резултатите од повеќедецениското делување на пазарот на гума и гумени производи. Понудата на најквалитетни деловни решенија, обложување и услуги за oпрема и производство на гумени делови. Вработување квалитетни соработници кои по постигнувањето на нашите цели ќе предлагаат нови повиски хоризонти. Ефикасно развивање и користење сопствените ресурси. Почитување на законските рамки и најдобрата деловна етика за извршување на стопанска дејност.

За период од 15 години досегашно работење, вработените во “ТЕХНОГУМА“ со сиот свој ангажман успеаа да направат квалитетни производи за сите потреби во најразлични индустриски гранки.

 

КОВИД 19 информации

Почитувани,


Заради ново настанатата ситуација со вирусот КОВИД 19 и следејќи ги препораките од Министерството за здравство, тимот на МАМЕИ работи од дома. Достапни сме на маил и телефон постојано. За било какви прашања или информации, слободно побарајте не или пишете ни.

Бидете безбедни.

Со почит,

МАМЕИ