Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Раде Кончар - КР


3та Македонска Бригада бр. 54
Скопје
02 2461 106
www.redekoncar.com.mk
rk@radekoncar.com.mk

Сектор: Електро индустрија
Година на Основање: 1991
Број на Вработени: 188
Контакт-лице: Лилјана Илиевска

Главни продукти и услуги: Kонтактори, временски релеи, гребенасти прекинувачи, нисконапонски прекинувачи, автоматски осигурувачи

Заинтересирани сме за: Стратешки бизнис партнер

Опис

РАДЕ КОНЧАР – КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ

 

Повеќе од 70 години градиме компанија која вреднува знаење, напорна работа и посветеност. Започнувајќи ја својата историја во Скопје, Република Македонија, Раде Кончар – Контактори и Релеи доо прерасна во компанија со светска мрежа на задоволни клиенти во повеќе од 40 земји.

Раде Кончар – Контактири и Релеи произведува нисконапонска електрична опрема за индустриски апликации. Нашиот асортиман на производи вклучува AC-DC контактори од 9A до 400A, еднофазен и трифазен напон, биметални релеи, гребенасти прекинувачи, нисконапонски контактни прекинувачи, типкала и индикатори, осигурувачи и друго. Овие производи се произведуваат во стандардна конфигурација, но можеме брзо да го прилагодиме нашето производство за специфични барања на клиентот.

Нашиот сектор за истражување и развој постојано работи на дизајнирање на нашите производи да бидат посигурни, флексибилни и поквалитетни. Целата палета на производи се во согласност со сите меѓународни стандарди за производство и квалитет.

Нашите клиенти се од различни индустрии, електро и енерго индустрии, рудници, фабрики за челик, железници, дистрибутери итн.

КОВИД 19 информации

Почитувани,


Заради ново настанатата ситуација со вирусот КОВИД 19 и следејќи ги препораките од Министерството за здравство, тимот на МАМЕИ работи од дома. Достапни сме на маил и телефон постојано. За било какви прашања или информации, слободно побарајте не или пишете ни.

Бидете безбедни.

Со почит,

МАМЕИ