Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

КП Македонија Експорт


Црвена Вода 8/14
Скопје
Телефон
http://www.macedonia-export.com
contact@macedonia-export.com

Сектор: Трговија, консталтинг, маркетинг и продажба
Година на Основање: 2006
Број на Вработени: 6
Контакт-лице: Калин Бабушку

Главни продукти и услуги: МАМА'S - Традиционални домашни рецепти I Tip of the Week - Прирачник за личен и професионален развој

Заинтересирани сме за: Пронаоѓање на партнери за олеснување на можностите за трговска размена, заеднички вложувања и стратегиски алијанси помеѓу меѓународните бизниси и македонските компании

Опис

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ е посветена кон обезбедување на секаков вид на високо квалитетни производи од Македонија на своите партнери и клиенти. Преку концентрираниот напор и јасно дефинираната цел, уверни сме дека можеме да им обезбедиме на нашите клиенти најдобрата вредност - квалитет, услуга и цена. Нашиот асортиман на производи е поделен во две групи – конкурентни и уникатни производи.

Конкурентните производи се комерцијални производи кои се во согласност со 4 главни принципи за високо квалитетен бизнис:

-Постојан квалитет

-Конкурентна цена

-Капаицитет

-Брзо време на одговор

Уникатните производи ја претставуваат македонската историја и наследство. Поради нивната уникатност и вредност ја трансформираат традицијата во луксуз.

Главни брендови на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ се МАМА'S - Традиционални домашни рецепти (МАМА’S е колекција на високо квалитетни производи со извонреден, автентичен и широко прифатлив вкус, направен според традиционалните рецепти на најдобрите домаќинки во Македонија) и Tip of the Week - Прирачник за личен и професионален развој (корисeн за сите, прирачникот обработува теми од секојдневниот живот коишто ќе ви помогнат да си го подобрите вашето лично и професионално работење. Малите и практични совети во него поттикнуваат на размислување како да се справите со предизвиците на новото време).

 

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ е уникатен вид на македонска компанија која се состои од две комплементарни единици: Трговија (www.macedonia-export.com) и Консалтинг (www.macedonia-consulting.com).

Трговската единица се однесува на уникатен вид на македонска компанија-посредник во меѓународната трговија и ги претставува македонските производители на избраните извозни пазари. Со седиште во Скопје, нашата примарна цел е да им помогнеме на домашните производители да го развојат и зголемат нивниот извоз. Покрај тоа, тимот на Македонија Експорт има за цел да ги олесни можностите за трговска размена, заедничките вложувања и стратегиските алијанси помеѓу меѓународните бизниси и македонските компании.

Консалтинг единицата се однесува на уникатен вид на консултантска компанија која нуди консултантски услуги во областа на развој на бизниси (долгорочна стратегија, маркетинг, продажба и извоз) како и обуки за зајкнување и зголемување на мотивацијата и ефикасноста на работните тимови. Главниот концепт на нашите активности се базира на специјализирано направени програми (образовни и психофизички) за компаниите кои лесно се применуваат во пракса и имаат директни ефекти/резултати за зголемување на продажбата и профитот на компаниите. Нашата конкурентска предност е во комбинацијата на теоретското знаење и искуството кое го имаме од реалните ситуации (Трговската единица), кои ги трансформираме и користиме преку теоријата – Консалтинг единицата.

Зошто да работите со нас?

•Образован / професионален кадар (млад и амбициозен тим);

•Силна локална и меѓународна мрежа;

•Акцелератори за бизнис - се трудиме да го пополниме јазот помеѓу динамичното менување на светските бизнис трендови на современите компании и ригидната транзиција на македонските компании;

•Максимално искористување на ресурсите (користење на нашата експертиза и мрежа за развој на повеќе конкурентни производи);

•Консолидирање на локалните компании со цел да се постигнат максимални ефекти/резултати (на овој начин се обидуваме да го надминеме најголемиот проблем во македонската економија - обединување на компаниите за да се зајакне нивната позиција на светскиот пазар)

 

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.