Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Агро-Бар


ул. Партизанска бр.1
2310 Виница
070 324 978
http://www.agrobar.com.mk
aseizov@agrobar.com.mk

Сектор: Метало-преработувачки сектор
Година на Основање: 1971
Број на Вработени: 76
Контакт-лице: Александар Сеизов

Главни продукти и услуги: Земјоделска приклучна механизација, контејнери, челични конструкции, метална галантерија, огради, резервни делови и делови по нарачка.

Заинтересирани сме за: Соработка со домашни и странски фирми во индустрии кои имаат потреба од наши производи, и кои се заинтересирани пред се за сериозна соработка, квалитетна изработка и навремена испорака.

Опис

АГРО-БАР ДОО Виница Р. Македонија, е компанија чија основна дејност е производство на производи од металната индустрија: земјоделска приклучна механизација, контејнери, челични конструкции, метална галантерија, огради, резервни делови и делови по нарачка.

Компанијата е формирана 1971 година поминувајки низ повеќе развојни етапи во своето работење, еволуира и се профилира во друштво со висока професионалност и голем рејтинг на сопствениот бренд.

Од април 2006 година работи како ново формирано правно лице под ново име  Агро-Бар ДОО Виница приватизирано 100% во склоп на групацијата БАРГАЛА АД од Штип, при што  продолжува со работа во истата дејност, задржувајќи го во континуитет целиот асортиман на производи  со постоечкиот квалитет со кој сме препознатливи на пазарот во државата и пошироко  во соседните држави.

Врвниот квалитет и функционалност се препознатливиот печат на сите производи од производната програма на АГРО-БАР ДОО. Компанијата поседува и сертификати за квалитет како што се ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007.

Акцентот на квалитетот се поставува со вградување на квалитетен материјал со одредени особини пропишани со самата техничка документација што се проследува во процесот на производство

Второ издание на Macedonia Manufacturing Expo 2018

Успешно беше оддржано второто издание на бизнис настанот Macedonia Manufacturing Expo 2018. Повеќе информации за тоа што се случуваше може да најдете во секцијата за Новости на МАМЕИ.