Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Ариљеметал


ул. Перо Наков 110 (Индустриска Зона МЗТ Скопје)
1000 Скопје
+389 2 246 9815
http://www.ariljemetal.com.mk
trajan1@ariljemetal.com.mk

Сектор: Метална индустрија
Година на Основање: 1992
Број на Вработени: 30
Контакт-лице: Трајан Ангелоски

Главни продукти и услуги: Kомплетна номенклатура сврзувачки елементи: завртки, навртки, подлошки, анкери и друго

Заинтересирани сме за: Производство и пласман на специјални врзувачки елементи и резервни делови за извоз

Опис

"АРИЉЕМЕТАЛ" ДОО е приватна компанија основана во 1992 година со дејност во производството и продажбата на врзувачка техника.

Фирмата нуди комплетна номенклатура сврзувачки елементи:

  • Завртки - метрички,цоловни,саморезни, за железо ,за дрво, гипс картон, за ПВЦ, во класа на квалитет од 5.8 до 12,9
  • Навртки – сите типови стандардни навртки(метрички и цоловни ) како и самоосигорувачки со пластика и метал во класа на квалитет до 12
  • Подлошки; Анкери; Комплетен програм на материјали од инокс А2 и А4, Хемиски производи (двокомпонентен цемент и ампули за анкерисување за во градежништвото), совети и многу повеќе

Производите  се наменети за различни области на индустријата и трговијата - инженеринг, градежништво, производство и монтажа на столарија, мебел и многу други.

"Ариљеметал  ДОО се развива како конкурентна  и финансиски стабилна  компанијауспешно справувајки се со брзото  менување на внатрешните и надворешните услови на пазарот.

Компанијата работи според барањата на системот за управување со квалитет ISO 9001-2008 и имплементираниот систем AD2000 (Производство на сврзувачки елементи за опрема под притисок).

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.