Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Свемек


Перо Наков 134
1000, Скопје
Телефон
http://www.svemek.mk
info@svemek.mk

Сектор: Металопреработувачки сектор
Година на Основање: 1970 во Шведска
Број на Вработени: 19
Контакт-лице: Кристина Гацова

Главни продукти и услуги: Mашински обработени делови за пневматика и хидраулика по цртеж, како и прототипи

Заинтересирани сме за: Свемек е заинтересиран за соработка со домашни и странски фирми во повеќенаменски индустрии, кои се заинтересирани за сериозна соработка со приоритет на квалитетот и навремената испорака. Заинтересирани сме за купувачи на кои им се потребни нашите производни способности, квалитет и сигурна соработка.

Опис

Свемек е фирма што се занимава со производство на машински делови за пневматика и хидраулика по цртеж на купувачот. 95 % од производството е наменето за извоз, најмногу за Шведска, Унгарија и Германија. Фирмата има 19 вработени од кои 6 се во администрација. Сертифицирани сме со 3 ИСО стандарди: ИСО 16949:2009 за Автомобилската индустрија, ИСО 9001:2009 за квалитет и ИСО 14001:2004 за зачувување на животната средина. Нашите најголеми странски купувачи се: Bosch Rexroth, Aventics, MPC systems, а домашни: Johnson Matthey, Ариазоне и Wabtec. Машинскиот парк на Свемек располага со вкупно 50 машини од кои 20 се ЦНЦ машини.

Основните активности на Свемек се: глодање, стругање, дупчење, брусење и сечење. Активностите се вршат по цртежи пратени од купувачите.

Главни производи на Свемек, по порачки од нашите купувачи се: машински обработени делови за пневматика и хидраулика по цртеж, како и прототипи како што се: навртки, завртки, мутери, држачи, уметоци, клипови, вентили, осовини и многу други. 

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.