Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Завар компани


ул. Благоја Стефковски 2a
1000 Скопје
02 2529 700
http://zavar.com.mk
contact@zavar.com.mk

Сектор: Производство, трговија, инженеринг и услуги
Година на Основање: 1988
Број на Вработени: 53
Контакт-лице: Марта Наумовска Грнарова

Главни продукти и услуги: Производство на процесна опрема, наменета за прехрамбена, хемиска, фармацевтска индустрија; како и ентериери и делови од ентериер (уникатни парчиња) изработени од нерѓосувачки челик-инокс Услуги: заварувачки услуги, машински обработки

Заинтересирани сме за:

Опис

ЗАВАР Компани е фирма специјализирана за сите видови заварување. Се бави со производство на процесна опрема, наменета зa прехрамбена, хемиска, фармацевтска индустрија, изработена од нерѓосувачки челик - инокс.

Во рамките на нашето производство можеме да споменеме и опрема за рударство, металургија како и производство на секаков вид на машини.

Во потрага по конкурентска предност и исполнување на неопходните предуслови за влез на европскиот пазар, ЗАВАР се стекна со следниве сертификати:

ISO 9001:2000 acc TUV CERT ,TGA (DAR ) Rheinland issued in Budapest; ISO 14001:2004 acc TUV CERT ,TGA (DAR ) Rheinland issued in Budapest; ISO 3834-2; PED 97/23; OHSAS.

ЗАВАР е специјализиран за производство на процесна опрема од нерѓосувачки челик, базирано на најсовремени технологии на заварување, истовремено развивајќи и свој сопствен бренд  (ЗАВАР Дизајн) за производство на радијатори изработени од нерѓосувачки челик. Друга дополнителна производна линија е производство на декоративни елементи и уникатни парчиња изработени од инокс.

http://www.zavardesign.com/ 

ОДРЖАН ПРВИОТ „УЧИЛИШЕН САЕМ НА МАШИНСКАТА И ЕНЕРГЕТСКА ИНДУСТРИЈА ГАЗИ БАБА 2019“

МАМЕИ, заедно со СУГС „ЕМУЦ 8ми Септември“, Центарот за меѓуетничка толеранција и општина Гази Баба, е еден од организаторите на првиот „Училишен саем на машинската и енергетска индустрија Гази Баба 2019“, кој се одржуваше на 10 и 11 мај во просториите на училиштето „ЕМУЦ 8ми Септември“.