Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Братство Инокс ДОО


7 Ноември бб
Охрид
Phone
www.bratstvoinox.com.mk
info@bratstvoinox.com.mk

Сектор: Преработка на метал и метални производи
Година на Основање: 1949
Број на Вработени: 97
Контакт-лице: Наташа Андревска

Главни продукти и услуги: 1. Производство на садови за домаќинство од инокс 18/10 2.Ковачки работи 3. Длабоко извлекување 4. Гасно сечење 5. Ротационо извлекување 6. CNC обработувачки центри 7. Површинска заштита на метали 8. Производство на изолатори од епоксидна смола 9.Експанзиони садови 10. Заварување

Заинтересирани сме за: Соработка со домашни и странски компании бараат врвен квалитет , добра комуникација и навремена испорака

Опис

Индустријата за метални производи"Братство Инокс" Охрид се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домаќинство и прибор за јадење во Југоисточна Европа.  Богатата производна програма опфаќа садови за домаќинство и угостителство во кои може да се готви, чува, транспортира и послужува храна по сите гастрономски стандарди. 

Братство Инокс ДОО  е еден од претприемачките лидери во регионот и која нуди широк ранг на решенија за обработка на метали, за да ги зафоволи потрошувачте насекаде во светот. Како специлалист за трансформација на материјали, ја посветуваме целата наша енергија и знаење со цел да обезбедиме извонредна услуга и континуирани иновации во полето на ковање и слични активности барани од нашите клиенти. Тим од искусни инжинери и state-of-the art машини даваат сигурни и проверени решенија, прилагодени на специфичните потреби на секоја индустрија. 

Како снабдувач на метални компоненти, нашата цел е да се постигне извонреден квалитет и максимално задоволување на потребите на клиентите. Затоа работиме и ковање по цртеж, со што обезбедуваме работење по нарачка со бараните атрибути. Нашиот тим е високо-квалификуван е подготвен да се прилагоди на барањата на нашите клиенти . Висока мотивација, посветеност и компетентност на нашите вработени гарантира врвен квалитет на секој производ  кој доаѓа од нашите погони.

Еден од главните карактеристики на нашата работа е извонредниот квалитет и затоа работиме според и нтернационалниот стандард ИСО 9001кој иницира систематски пристап во развојот, и постојани подобрувања во Системот за Квалитет. 

Современата технологијата ни овозможува да работиме брзо и ефективно . Нашите најголеми инвестиции се во опрема и затоа сме способни за производство на комплексни продукти.

Високиот стандард како и извонредниот перформанс, цена-квалитет на производите, ја вбројуваат компанијата во еден од најбараните продуктори на пазарите во Европа. 

 

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.