Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Раде Кончар ТЕП


3та Македонска Бригада број 52
Скопје
Phone
www.koncar.com.mk
info@koncar.com.mk

Сектор: Метална и електро индустрија
Година на Основање: 2006
Број на Вработени: 55
Контакт-лице: Ана Канческа

Главни продукти и услуги: 1. Дистрибутивни трафостаници 2. Дистрибутивни трансформатори 3. Ниско напонски разводни табли 4. Ниско напонски разводни ормари за столбни трафостаници 5. Кабелски разводни ормари (КРО) 6. Приклучни ормари (ПК) 7. Мерни разводни ормари (МРО) 8. Корекција на фактор на моќност 9. Ниско напонски електрични постројки 10. Перфорирани носачи на кабли (ПНК) 11. Метални ормари СС и РК

Заинтересирани сме за: Соработка со домашни и странски компании на кои им значи квалитетната изработка и навремена испорака.

Опис

Раде Кончар - ТЕП

Раде Кончар ТЕП е водечка компанија во металната и електро индустријата во Македонија и во останатите Балкански земји. Таа е дел од брендот Раде Кончар, која има традиција која егзистира повеќе од 65 години.

Раде Кончар ТЕП од своето формирање во 2006 година, како дел од Раде Кончар- Сервис, е во постојан развој во неколку насоки: иновации во процесот на производство и иновации во пристапот на работење.

Успехот на нашите производствени решенија се должи на решителноста, професионализмот и страста на нашиот тим, кој се труди да собере што е можно повеќе информации за побарувањата на пазарот, како и постојаното следење на трендовите во светот и комбинирање на функционалноста и дизајнот на понудените решенија.

Една од нашите карактеристични корпоративни вредности е квалитетот, како за производите така и за нивото на системската работа на компанијата. Денес Раде Кончар ТЕП, ги поседува сертификатите ISO9001: 2008, ISO14000: 2004, сертификати за добро корпоративно управување за 2008 и 2010 година од страна на Германската влада, признание за одговорен однос кон животната средина за 2009 година од центарот за Инстутуцуинален развој CIRA. Во тек е постапката за усвојување на стандардот ISO18001: 2007.

Инвестициите направени во истражувањето и развојот, се должат на посветеноста на техничкиот сектор кон постојано изучување на проблематиката и изнаоѓање решенија за секое индивидуално барање на клиентите.

Раде Кончар ТЕП, својот фокус го има насочено првенствено кон клиентите кои се мотив на целокупното наше однесување и донесени одлуки.

 

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.