Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

РЖ Институт


16та Македонска бригада бр. 18
Скопје
Телефон
http://www.rzinstitut.com.mk/
dkocevski@rzinstitut.com.mk; rzinstitut@t-home.mk

Сектор: Металниот и огноотпорниот индустриски сектор/ Леење и обработка на обоени метали и производство на огноотпорни материјали за челичната индустрија.
Година на Основање: 1967
Број на Вработени: 91
Контакт-лице: Душко Коцевски

Главни продукти и услуги: - Алуминиумски легури во форма на инготи; - Алуминиумски делови леани под притисок; - Уметнички одлеаноци од бронза, месинг, алуминиум, полиестер, восок. (скулптури, сувенири, релјефи, архитектонски елементи итн); - Црковни ѕвона и црковна опрема ; - Огноотпорни материјали за челичната индустрија; - Канделабри и урбана опрема.

Заинтересирани сме за: Ние сме заинтересирани за нови добавувачи главно на суровини и производна опрема (машини и алати) за металниот и огноотпорниот сектор. РЖ Институт е во потрага по долгорочни партнерски односи со добавувачи, особено за суровини кои природно ги нема во нашата земја или во близина. Поконкретно, ние сме заинтересирани за добавувачи на машини и опрема наменети за леарници, потоа за леење на алуминиумски делови под висок притисок, уметнички одлеаноци, за производство и мелење на огноотпорни материјали за челичната индустрија, калај, си-метал, цинк , бакар фосфор итн.

Опис

Почетоците на РЖ Институт датираат уште во 1967 година, кога се формира и развива во рамките на некогашниот индустриски гигант “Рудници и Железарници- Скопје”. Најпрво била концепирана како една, пред сѐ, научно- истражувачкo одделение за потребите на “Рудници и Железарници – Скопје”, но и за фабриките и рудниците ширум цела Југославија. За оваа цел била инсталирана опрема во полуиндустриски рамки, наменета за припрема на минерални суровини, минерологија и петрографија, металуршка припрема, хемиско- технолошки испитувања и топилнички дел.

Во 1997 година РЖ Институт се трансформира во акционерско друштво, а од февруари 2001 година е целосно приватизиран. Акциите на РЖ Институт АД Скопје котираат на Офифицијалниот пазар на Македонската берза.

Со неговата приватизација, се наметна потребата од зголемување на економската ефикасност и пазарната конкурентност. За таа цел е пристапено кон рехабилитација, модернизација или пренамена на постоечките технолошки линии и производни процеси.

Денес РЖ Институт е акционерско друштво со примарна дејност на леење и натамошна обработка на технички и алуминиумски одлеаноци од обоени метали (алуминиум, бронза, месинг итн.) Други активности вклучуваат производство на огноотпорни маси за челичната индустрија, црковни ѕвона, улични канделабри и урбана опрема, восочни и полиестерни скулптури, истражување, трговија итн.  

 

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.