Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Mеталкат Технолоџи


Ул.24, бр.28
Скопје
075/220-432

mctehnologija@yahoo.com

Сектор: ЦНЦ машинска обработка
Година на Основање: 2013
Број на Вработени: 3
Контакт-лице: Игор Јовановски

Главни продукти и услуги: Разни машински делови, алати

Заинтересирани сме за: Соработка со нови клиенти и добавувачи

Опис

Металкат Технолоџи, од своето основање во 2013 година, изгради солидна репутација во изработката на прецизни прототипни делови и специјални машински склопови, опслужувајќи ја автомобилската, камионската и железничката индустрија со квалитетни и ценовно прифатливи производи.

Металкат Технолоџи е екипирана со висококвалификувани специјалисти коишто што создаваат уметност во нашиот објект. Нашата заложба беше веднаш препознаена и само по два месеца од нашето основање станавме официјален добавувач на  Wabtec MZT. 

Нашите CNC обработувачки капацитети се:

1.CNC Вертикален обработувачки центар OKK PCV 40-II со обработувачки капацитет од 560x400x400(XxYxZ) 

2.CNC Универзална глодалка Maho MH600c со обработувачки капацитет од 600x450x450(XxYxZ) 

3.CNC Струг Daewoo Puma 6S со обработувачки капацитет од 320x380(XxZ) 

4.CNC Струг Doosan Lynx 220L со обработувачки капацитет од 380x550(XxZ) 

Во Металкат Технолоџи, поради блиската соработка со нашите клиенти и постојаниот висок квалитет, се создаде традиција на постојано подобрување и стабилен раст.

Располагаме со широк спектар на материјали, користиме модерна технологија и строго ги запазуваме сите спецификации од техничката документација. Постојано се стремиме кон подобрување и оптимизирање на нашите процеси, со крајна цел среќен клиент. 

Наши клиенти се и пронаоѓачи и добро развиени бизниси. Фокусирани сме на квалитетот и услугата на нашите клиенти. Подоле може да погледнете некои од нашите производи:

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.