Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

ДМБ Продуцтион


Крушевски пат бб
7500 Прилеп
Телефон
http://www.dmbproduction.net
info@dmbproduction.net

Сектор: Метало-машински
Година на Основање: 1953
Број на Вработени: 55
Контакт-лице: Горјан Максимовски

Главни продукти и услуги: Садови под притисок, парни, вреловодни и топловодни котли и опрема за процесната идустрија.

Заинтересирани сме за: Соработка со компании кои имаат потреба од нашите производи

Опис

Со повеќе од 60 години искуство, денес ДМБ Продуцтион е присутна на пазарот со широка гама на производи наменети за индустриите кои користат: садови под притисок за пропан бутан, течен CO2, компримиран кислород и други медиуми; данца во различни форми и димензии; различни видови на индустриски котли; резервоари за складирање на медиуми без притисок; ресивери за нискотемпературни медиуми; бојлери; разменувачи на топлина и филтри за третман на напојни и отпадни води.

Покрај стандардното производство, компанијата е препознатлива и по своите технички капацитети за изработка на производи по мерка на клиентите, според дизајни на самите клиенти или со изготвување на  целосни решенија од дизајн, преку изработка до инсталација на различни видови на опрема за процесната индустрија, како:

  • Компресорски станици
  • Котларници и други видови системи.

Компанијата ДМБ Продуцтион изработува производи и решенија за водечки компании од нафтената, прехрамбената, фармацевтската и други индустрии.

Сите производи на ДМБ подлежат на интерна контрола, која ја извршува квалификуван и сертифициран персонал и која, во зависност од стандардот на производот, е предмет на следните испитувања:

  • Радиографско испитување (RT) 
  • Ултразвучно испитување (UT) 
  • Испитување со течни пенетранти (PT)
  • Испитување со магнетни честички (MT)
  • Визулено и димензионално испитување (V)

Во нашето работење се стекнавме и се следните сертификати:

  • ISO  9001:2008- систем за управување со квалитет
  • ISO 14001:2004- систем за управување со животна средина
  • ISO 3834-2:2005-  управување со процесите на заварување
  • BS OHSAS 18001:2007-  управување  со безбедност и здравје при работа

 

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во Виена, Австрија

Компаниите Ариљеметал, Завар и Раде Кончар ТЕП учествуваа на интернационалната конференција и Б2Б настан INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017. организирана од Австриската федерална стопанска комора, во Виена, Австрија.