Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Вурт Македонија ДООЕЛ


Борис Трајковски 93
Скопје
+38922728080
http://www.wurth.com.mk
contact@wurth.com.mk

Сектор:
Година на Основање: 1995
Број на Вработени: 32
Контакт-лице: Тони Николовски

Главни продукти и услуги: Сврзувачки елементи по DIN Рачен, Акумулаторски, електричен и пневматски алат, Техничка хемија, Опрема за заварување, Моторни масла и масти, Работилничка опрема, ХТЗ опрема, Производи за обработка на материјалите

Заинтересирани сме за: Соработка со компаниите од автомобилската индустрија, производители и монтери на прозорци, столари, производители на мебел, градежни компании, кровопокривачи, металска индустрија и одржување, рударството, земјоделска механизација и транспорт, одржување во прехранбената, фармацевтската, графичката и печатарската индустрија

Опис

Оваа 2015 година по многу што е значајна за Würth, како во светот, така и во Македонија. 

Пред точно 70 години во Германија започнува со своето работење малата семејна фирма од само три вработени. Покрај основачот Адолф Вурт, вториот вработен е неговиот син, Рајнхолд Вурт. Оваа година проф. Рајнхолд Вурт го слави својот 80 роденден. 

Третиот јубилеј кој со особено задоволство и чест го споделуваме со Вас е 20 години од постоењето на Würth во Македонија. 

Во овие изминати седум децении, Würth станува се повеќе составен дел од работењето на професионалците во металната, дрвната и авто индустријата. 

Водечки специјалисти во трговијата со сврзувачки и прицврстувачки материјали

Ние сме специјализирани во трговијата во сврзувачки и прицврстувачки материјали. Повеќе од 100.000 производи се предмет на нашите високи стандарди за квалитет. Завртки, додатоци, спојници, хемиски производи, производи за дрвната и градежната индустрија, алати, системи за складирање, како и производи за одржување  во прехранбена индустрија. Нашата цел е едноставна: со индивидуални услуги, практични системски решенија и широк спектар на производи да ја направиме полесна работата на нашите купувачи.

Во Македонија ние поддржуваме над 5.000 купувачи во трговијата, градежништвото и индустријата. И  секој индивидуален клиент е во фокусот, ние ќе ги задоволиме со нашиот водечки принцип: секој клиент го има својот Wurth. Со прилагодени решенија и понуди за мал бизнис, сопственикот/работникот се фокусира главно на својата вистинска работа исто како и глобалните индустриски компании. Иновативните решенија постојано се развиваат во директна интеракција со нашите клиенти. Ние се потпираме на микс на директна продажба, продавници и е-бизнис. Околу 20 трговски претставници директно ги опслужуваат нашите клиенти на територијата на Македонија.

Блиску. Поблиску. Würth!

Würth групата е тука за Вас на сите континенти – во 80 земји и со преку 400 компании.

Со работна сила од 65,000 вработени – вклучувајќи 30,000 комерцијалисти на терен – ние ве осигуруваме дека секогаш сме блиску до Вас и можеме да поддржиме и интернационални проекти.

 

БЛИСКУ ДО ЛУЃЕТО

БЛИСКУ ДО СЛУЧУВАЊАТА

Ниту еден снабдувач не е поблиску до случувањата од Würth – и тоа е каде што ние сме веќе 70 години

Да се биде многу блиску до купувачите – тоа е водечки принцип веќе 70 години како Würth функционира, и како се пронаоѓаат постојано нови решенија.

Така е затоа што во Wurth, можеме да видиме блискост и достапност не само како физичко присуство, но, исто така и да се има емоционален аспект.

 

"ТОА Е ЧОВЕЧКИОТ ЕЛЕМЕНТ ШТО МОИТЕ КЛИЕНТИ ГО САКААТ"

Секој ден насекаде во светот, 30.000 Würth  комерцијалисти стигнуваат на вистинското место за нивните клиенти – Со автомобил, моторцикл или брод.

 

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во Виена, Австрија

Компаниите Ариљеметал, Завар и Раде Кончар ТЕП учествуваа на интернационалната конференција и Б2Б настан INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017. организирана од Австриската федерална стопанска комора, во Виена, Австрија.