Членови

Дознајте повеќе за членовите на МАМЕИ (по азбучен ред)

Ман-Дра ДООЕЛ


Неготинска 36
Скопје
Телефон
http://www.man-dra.mk
dragan@man-dra.mk

Сектор: Електроника и автоматика
Година на Основање: 1999
Број на Вработени: Број на Вработени
Контакт-лице: Драган Маневски

Главни продукти и услуги: Индустриска електроника, автоматика и процесно управување

Заинтересирани сме за: Соработка со нови клиенти и добавувачи, развој на нови производи

Опис

По долгогодишно работење во областа на индустриската електроника и автоматика, се создадоа услови за формирање на компанија која ќе биде сервис и ќе им нуди услуги на компаниите кои се занимаваат со производство. Компанијата „Ман-Дра“ е формирана 1999 година и веднаш по формирањето започнавме со произвотство на уреди кои со своите перформанси и квалитет се во самиот врв од понудата на пазарот. 

Први на пазарот во 1999 година се појавија релејните автомати за контрола и заштита во индустријата, следуваа коректорите на напон за индустријата и домаќинствата, а кога се создадоа услови следеа и дигиталните инструменти за визуелно прикажување на електричните големини во индустријата.

Понудата се збогати со запалките за натриум-халогените светилки, а во 2003 година се склучи договор за застапување на реномираната фирма Елтинг за производство на трансформатори.

Во 2007 година палетата се збогати со производи за индустрија и секојдневна употреба (автоматски осигурувачи, фид склопки, ДМ склопки итн). Во 2008 година се отпочна со дистрибуција на производите низ целата држава.

Во моментов се врши испитување на пазарот за проширување на гамата со нови производи од областа на индустриската електроника и процесното управување. Покрај производните услуги, нудиме и сервис и изработка на процесно управување на машини.

Наша цел

Нашата цел е на пазарот да нудиме квалитетни и пристапни производи, а тоа со сигурност ќе може да го оствари нашиот квалификуван кадар со професионален пристап. Нашите капацитети за производство континуирано растат и традиционално успеваме да ги задоволиме сите светски стандарди за сигурност и квалитет. Повеќе од 10 години доставуваме високо квалитетни производи на македонскиот и европскиот пазар и создаваме илјадници задоволни потрошувачи.

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.