За Асоцијацијата

Македонската асоцијација на метална и електро индустрија - МАМЕИ - е формирана со единствена цел- да ги обедини компаниите од овие сектори и да им пружи поддршка и квалитетни бизнис услуги кои ќе го забрзаат нивниот раст и развој.

На иницијатива на неколку компании од металната и електро индустријата во Април 2014 се формираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија- МАМЕИ. По повеќе децениско функционирање на овие индустрии, македонските производители сметаа дека е созреано времето за обединување на компаниите во една асоцијација, преку која ќе можат да ја зголемат заедничката соработка и да работат на постигнување на своите деловни цели и резултати.
Идејата за ваква асоцијација се развиваше повеќе од 1 година и конечно официјално се регистрираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија- МАМЕИ како организација која сака да биде лидер во својата област во Македонија.

Краткорочни цели на организацијата: воспоставување на партнерски односи со домашните компании и организации, иницирање соработка со владините организации, воспоставување контакт со странски партнери.

Среднорочни цели на организацијата: континуирана поддршка и пружање на квалитетни услуги на компаниите, приклучување на нови членки на организацијата,  проширување на листата на услуги за компаниите, координирање на дијалогот помеѓу компаниите и државата,

Долгорочни цели на организацијата: да бидеме централно место за сите компании од овој сектор, да водиме локални и меѓународни проекти наменети за развој на секторите, да станеме признат партнер и врска меѓу домашните компании и странските партнери и купувачи.

Задачите на Македонската асоцијација за метална и електро индустрија се:

  • Здружување на домашните компании од овие сектори во една организација
  • Организирање на домашни B2B настани на кои ќе се потикне повеќе меѓусебната соработка помеѓу компаниите
  • Мапирање и развивање на домашните снабдувачки синџири
  • Заедничка набавка на материјали за производство
  • Организирање на интернационални B2B настани (саемски претставувања, бизнис посети на странски компании во земјата и посета на потенцијални купувачи во други земји
  • Заедничко учество на тендерски објави во земјата
  • Заеднички настап пред странските инвеститори во земјата (како подизведувачи и добавувачи на одредени компоненти за производство)
  • Развој на нови и иновативни производи
  • Истражување на пазарите
  • Обуки за менаџментот и вработените со цел постигнување на поголема ефикасност во работата
  • Имплементација на технички стандарди согласно Европските регулативи
  • Лобирање и активно учество во дијалогот со државата
  • Соработка со домашните и странски стопански комори и здруженија
  • Соработка со консултантски компании со цел пружање поквалитетна услуга

Компании членови на МАМЕИ учесници на Б2Б настан во организација на БМЕ Германија

Компаниите Свемек и Завар од Скопје, како и Братство Инокс од Охрид се учесници на Б2Б настанот „Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании" организиран од Германското Здружение за управување со материјали, увоз и логистика BME е.V.