ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕТАЛНА И ЕЛЕКТРО ИНДУСТРИЈА!

Добредојдовте на нашата веб страница!

На иницијатива на неколку компании од металната и електро индустријата во Април 2014 се формираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија- МАМЕИ. По повеќе децениско функционирање на овие индустрии, македонските производители сметаа дека е созреано времето за обединување на компаниите во една асоцијација, преку која ќе можат да ја зголемат заедничката соработка и да работат на постигнување на своите деловни цели и резултати.

Идејата за ваква асоцијација се развиваше повеќе од 1 година и конечно официјално се регистрираше Асоцијацијата на метална и електро индустрија- МАМЕИ како организација која сака да биде лидер во својата област во Македонија. МАМЕИ е формирана со поддршка на СИППО- Швајцарска програма за промоција на извозот на Switzerland Global Enterprise (S-GE) 

КОВИД 19 информации

Почитувани,


Заради ново настанатата ситуација со вирусот КОВИД 19 и следејќи ги препораките од Министерството за здравство, тимот на МАМЕИ работи од дома. Достапни сме на маил и телефон постојано. За било какви прашања или информации, слободно побарајте не или пишете ни.

Бидете безбедни.

Со почит,

МАМЕИ