Macedonia Manufacturing Expo е првиот македонски business-to-business (B2B) настан за лесната преработувачка индустрија (преработка на метал, гума, пластика и електро-електронска индустрија). Тој ги поврзува странските и домашните купувачи со локални добавувачи преку претходно договорени и таргетирани B2B средби кои поставуваат основи за понатамошно партнерство и поефикасни ланци на добавување. Овој настан го промовира потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија, а притоа и овозможува инвеститорите да имаат брз и лесен преглед на ланците на добавување во секторот.

Доколку сте производител од Македонија кој сака да учествува на настанот, регистрирајте се на https://b2b.mamei.mk и пишете ни маил за подетални инструкции на [email protected], или [email protected]

Close Menu